(ВИДЕО) Дарко Стојаноски испраќа порака : Сонцето од Кутлеш вечно ќе живее !!!

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот пејач Дарко Стојаноски на Гоце Фест ја доби првата награда од стручното жири за неговата најнова песна која што ја изведе на фестивалот, а носи наслов  “Сонцето од Кутлеш“. Преку оваа песна, тој праќа една порака дека Сонцето од Кутлеш ќе живее вечно.

Песната “Сонцето од Кутлеш“ од Дарко Стојаноски ја однесе првата награда од жирито на “Гоце Фест”. Музиката и текстот се дело на Драган Матески, а аранжманот е на Љупчо Павлоски.

-Јас се надевам дека песната веќе им се допадна и колку што можев да забележам од реакцијата на добро поминавме и морам да кажам дека ми е многу мило бидејќи јас за првпат во 2002-ра година се појавив на овој фестивал Гоце Фест, значи моите почетоци се на овој фестивал пред 18 години.-истакна Стојаноски, во интервјуто за ИН ТВ.

Во песната како што вели тој, се спомнува дека сите сме горди на Сонцето од Кутлеш и гордо го вееме насекаде по светот. Дарко преку песната испраќа една порака до сите, дека сонцето ќе живее вечно со нас македонците каде и да сме.

А тоа што песната се закити со прво место, го израдува и авторот на песната Драган Матески кој што радосната вест ја сподели со неговите пријатели на социјалните мрежи.

-МИ ПРИЧИНУВА ОСОБЕНА ЧЕСТ И ЗАДОВОЛСТВО ДА ЈА СПОДЕЛАМ РАДОСТА СО ВАС ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ…🇲🇰🇲🇰🏆🇲🇰🇲🇰🏆🇲🇰🇲🇰🏆ПРВО МЕСТО ОД СТРУЧНОТО ЖИРИ НА ГОЦЕ ФЕСТ 2020г….”СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ”, Мојата нова авторска песна вечерва во изведба на ДАРКО СТОЈАНОСКИ, Автор на музика и текст…ДРАГАН МАТЕСКИ , Автор на аранжман…ЉУПЧО ПАВЛОВСКИ-АНАСТАСИЈА. Наскоро ќе имате можност да ја слушнете !-напиша Матески, на неговиот фејсбук профил.

Please follow and like us:
Pin Share