Марјан Коцев за ИН ТВ : Време е за снимање нови песни под итно

Please follow and like us:
Pin Share

После бројните ангажмани кои ги имаше во минатата година, Марјан Коцев открива дека во периодот кој следи ќе се посвети на подготовката на новите песни.

Бројни ангажмани, свирки и обврски изминатиот период за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава, Марјан Коцев. После неговиот бурен период, тој во неодамнешното интервју за ИН ТВ, вели дека е време за снимање на нов материјал.

-Летото спремав нешто, но толку и не можам многу да се пофалам. Имав бројни обврски, свирки, но и многу гости кои ми дојдоа од целиот свет. Така да, летото едноставно така ми помина. Сега периодов ќе го искористам  за малку забрзано се поработи и мора да се сними нешто ново под итно. Една песна снимив и настапив на Тумба фест во Куманово, тоа беше во септември, а за оние кои што не знаат овој фестивал е од хумористично-сатиричен карактер. Песната има наслов Европска унија бидејќи тоа е сега актуелно, Европа. Убава песна, весела, смешна, но треба уште да се снима, има многу за работа.-истакна Коцев, за гледачите на ИН ТВ.

Кога станува збор за неговите настапи, Марјан вели дека нема слободен викенд, а покрај во земјава, тој често патува и во Шведска, Данска, Германија, Швајцарија кај нашите македонци.

Инаку, познатиот фолкер, минатата година одбележа јубиле од 25 години постоење на македонската сцена.

 

Please follow and like us:
Pin Share