После “Ништо или се” Владе Јованоски најавува нова хит песна

Please follow and like us:
Pin Share

Владе Јованоски во интервју за ИН ТВ открива како помина изминатата година за него. Тој зад себе има една песна, а за следниот месец најавува уште една нова песна и спот.

2019-та година беше доста успешна и исполнета со ангажмани за Владе Јованоски.

При престојот во Македонија пред извесно време, тој успеа да сними песна која што носи наслов Ништо или се, за кој што беше изработен и спот. Но тука не запира. Веќе за месец февруари најавува уште една нова песна и спот за истата.

-Минатата година беше навистина многу работна. Бев доста зафатен со свирки, а истотака бев и во Македонија. Таму снимив неколку песни и спотови. Првата песна ми беше многу успешна, така да сега работам на втор проект кој ќе биде промовиран кон крајот на месец февруари. За кратко време планирам да снимам и спот за таа песна и очекувам да бидат добро прифатени.-истакна Владе во интервју за ИН ТВ.

Неодамна, Јованоски беше дел од снимањето на првото Новогодишно шоу на Сателитската ИН ТВ во Мелбурн и не го криеше задоволството од соработката со нив.

-Ова ми е прво Новогодишно шоу со ИН ТВ, така да многу ми е драго што вечерва сме заедно.-вели тој, за естрадниот магазин Естрада плус.

Владе важи за еден од најбараните македонски музичари низ Австралија, а соработува со бројни музички имиња од естрадата. Деновиве на социјалните мрежи можевме да погледнеме фотографии од негови заеднички настапи со фолк пејачката Татјана Лазаревска.

Инаку, тој е по потекло од Македонија, но живее и работи во Мелбурн, Австралија. Покрај тоа што важи за одличен музичар, тој работи и како професор по музичка уметност.

Please follow and like us:
Pin Share