Игор Бежаноски е презадоволен од коментарите на јавноста за неговиот најнов спот за песната “Меракот ми остана”. Тој најавува и нова песна во најскоро време.

Пред извесно време, охриѓанецот Игор Бежаноски го промовираше неговиот најнов спот за песната “Меракот ми остана”. Тој при гостувањето во ИН ТВ истакна дека е презадоволен од крајниот резултат, а коментарите од неговите најблиски, музички соработници и од јавноста се доста позитивни.
-На почетокот од новата година заедно со ИН Продукција одлучивме да го промовираме новиот спот за новата песна која го носи насловот “Меракот ми остана”. Снимањето помина одлично, се беше супер и она што сакавме да го добиеме, го постигнавме. Крајниот резултат е одличен, екстра и многу сум задоволен, имам доста позитивни критики за тој спот и таа песна. Благодарен сум многу на вашата продукција и ви најавувам уште една соработка за следниот период и понатаму се разбира да сме здрави и живи, вакви какви што сме весели и да функционираме и работиме.-
Песната “Меракот ми остана” е дело на неговиот колега и пријател, Златко Миладиноски кој ги направи музиката и аранжманот, текстот е на Борче Нечовски, а истата е снимена во студиото на Дејан Момировски.
Игор за следниот период најавува уште една нова песна која ќе биде во соработка со добропознати автори од македонската сцена и секако, нов спот во соработка со ИН Продукција.
