Познатата пејачка од БиХ е Џејла Рамовиќ е меѓу приведените е во акцијата која се спроведе во ноќниот клуб во Кичево.
Таа заедно со нејзиниот бенд настапувале во саботата меѓу 29-ти и 30-ти ноември без соодветна работна дозвола.

„Во објектот биле затекнати пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд – К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. Според полицијата, групата работела без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок според Законот за странци“, информираат од СВР Охрид.
Случајот е пријавен до Основниот суд во Кичево, а против уметниците е поднесена прекршочна пријава. Претходно и спрскиот турбофолк пејач Аца Лукас беше приведен во Кавадарци поради слични причини.
