Вечерва на социјалните мрежи се прошири шокантна и целосно неточна информација дека фолк пејачката Елена Велевска наводно се обесила. Веста за кратко време предизвика паника и реакции кај јавноста.
Пејачката веднаш реагираше и ја демантираше дезинформацијата, истакнувајќи дека е добро и дека вакви лаги се срамни и крајно некоректни.
Ова е нејзината објава на социјалните мрежи:
Elena Velevska – 7 минути пред објавата:
„Уште ваква дезинформација немав прочитано за мене. Жалнo и бедно е што сѐ користите за лајкови.
СРАМОТА 👎“
Со ова Елена јасно стави до знаење дека станува збор за лажна вест, апелирајќи до јавноста да не наседнува на сензационализам и непроверени информации.

