
Македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана со големо задоволство најавува незаборавна музичка вечер која за првпат ќе ја донесе македонската енергија во Словенија!
По повод големиот државен празник – 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, во сабота, 11 октомври 2025 година, во ресторанот Портал во Љубљана, со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи традиционално дружење исполнето со песна, игра и пријателства.

Гостите ќе имаат ретка можност да уживаат во настапот на СТИЛ БЕНД, кој ќе ја раздвижи публиката со жива музика, македонски ритмови и неповторлива атмосфера. Очекувајте вечер исполнета со:
🔥 Жива музика
💃 Македонска енергија
🎉 Забава без граници
Ова е повик до сите Македонци, пријатели и љубители на добрата музика – дојдете заедно да создадеме незаборавни спомени и да го прославиме празникот на наш начин.
Споделете го моментот, донесете пријатели и добро расположение – забавата е загарантирана! 🥂