
Младиот и талентиран Македонец Даниел Нааумовски, кој живее и работи во Сиднеј, Австралија, е добро познат меѓу македонската дијаспора како тапанар и член на групата „Ритам“. За време на својот престој во Македонија, Нааумовски реши да направи голем чекор напред и првпат се претставува како пејач.

Неговото деби е хумористична песна придружена со видеозапис, снимени токму во неговото родно село Болно, Ресенско. Аудио-снимката е реализирана во „Просаунг студио“, а видеото во продукција на „ИН продукција“. Веселиот дух на песната и сцените од видеото внесуваат свежина и насмевка кај публиката.

Во наредните денови, видеото ќе ја има својата премиера на Македонската сателитска телевизија ИНТВ, со што Даниел официјално го започнува својот пејачки пат.
