
Оваа година на Охрид фест имавме можност да видиме вистинско освежување на македонската фолк сцена – Жаклина Крстевска! Настапувајќи во дует со легендарната Благица Павловска, Жаклина остави впечаток кој долго ќе се памети. Многумина се прашуваат: Дали ова е македонската Tea Tairović? – запомнете го ова име, бидејќи пред нас е идната голема ѕвезда!
Жаклина не е ново лице во музиката – нејзиниот пат започнува уште на седумгодишна возраст кога се запишува во музичко училиште во Љубљана, каде што свири мандолина. Потоа станува дел од еден од ретките мандолински оркестри во Словенија, каде на само 14 години започнува со настапи на реномирани сцени како Љубљанската филхармонија.
Подоцна продолжува да ја негува македонската музика преку настапи со групата Калина во Љубљана, изведувајќи македонски етно-песни и така ја продолжува нашата традиција во странство.
Музиката ѝ е во крвта – најмногу благодарение на нејзиниот татко Александар Крстевски, музичар, хармоникаш и текстописец, кој ја напиша песната „Мамка“ за Благица Павловска. Од тоа пријателство, започнато пред години, произлегува и нивната долгогодишна соработка, а оваа година кулминираше со нивниот заеднички дует, кој публиката го слушна токму на Охрид фест.

Освен македонската музика, Жаклина одлично ја познава и словенечката, австриската музика, како и дел од италијанските канцони, но за неа нема дилема:
„Македонската музика е најемотивна и најдопирлива!“
Со својот талент, харизма и љубов кон македонската песна, Жаклина Крстевска е на пат да стане новата ѕвезда на фолк сцената. Очекувајте многу од неа!