
Познатиот фолк пејач Наум Петрески се огласи на социјалните мрежи со статус во кој детално ја објасни својата реакција од времето на пандемијата со КОВИД-19.
„Сега да ви појаснам на сите душебрижници зошто реагирав за време на ковидот, за да не пишувате дека јас сум се жалел и сум немал пари,“ започнува Наум во објавата.
Според него, револтот не бил од финансиски причини, туку поради начинот на кој биле распределувани државните субвенции за музичарите:

„Средствата од Владата на СДСМ одеа во погрешни раце – кај нивни членови, музичари од шесто ниво, кои никогаш не направиле нешто за музиката или за државата, па дури и кај келнери кои по нечие упатство се зачленуваа во естрадата и добиваа сериозни пари,“ напиша тој.
Наум откри дека по неговата реакција му биле уплатени 40.000 денари, но парите не ги задржал за себе:
„Ги донирав во манастирот ‘Св. Пречиста’ во Кичево во вид на детергенти, кои во тој момент им беа потребни таму.“
На крај, пејачот испрати порака до јавноста:
„Многу ми е драго што злобниците од овој народ си го покажаа лицето, па ми ги отворија очите да не помагам секаде и секому. Поздрав до добрите луѓе, а за злобните – им посакувам вечен пекол!“