
Ако постои име кое моментално е синоним за вистинска забава и полни кафани, тоа е Спасе Антевски! Без конкуренција, тој важи за најбараниот фолк пејач во соседството, а неговата агенда е преполна – секој викенд настапува или во Србија или во Бугарија, каде публиката едноставно полудува по неговите хитови.
Спасе не е само човек кој знае да запали атмосфера во живо, туку е и еден од највредните уметници на македонската фолк сцена. Постојано инвестира во нови композиции, но и во хитови што се веќе познати, им давајќи им свеж живот преку свој препознатлив стил.

„Сербет млада невесте“ останува неговиот најголем хит, песна која ја пеат сите од Балканот, а неговата енергија на настапи е нешто што едноставно мора да се доживее!
👉 „За мене најголема награда е кога гледам насмеани лица и слушам како публиката пее со мене. Тоа ми е најголемата мотивација да продолжам да работам и да давам сè од себе,“ изјави Спасе Антевски за нашиот портал.
➡ Едно е сигурно – Спасе Антевски не запира и продолжува да го освојува Балканот чекор по чекор!