
Во октомври започнува големата австралиска турнеја на најзабавното македонско музичко шоу „Имат – Немат“, кое на нашинците ќе им донесе уникатно доживување – музика, забава и хумор на највисоко ниво!
Првиот голем концерт ќе се одржи на 17 октомври во Волонгон, во салата на црквата „Св. Димитрија Солунски“, една од најпознатите локации за настани на Македонците во Австралија.
Ова нема да биде обичен концерт – туку вистинско шоу, какво досега не е видено! Програмата започнува со музичкото шоу „Имат – Немат“, кое специјално ќе се снима од екипата на ИНТВ и ќе биде емитувано за целата македонска дијаспора.

За хуморот ќе се погрижи неповторливиот Жанко, кој гарантира многу смеа и позитивна енергија. Потоа следи голема музичка забава со Василија Петрова, Благојче Стојановски – Тусе, како и виолинистката Сања Зделар. Како изненадување, организаторите најавуваат и специјални гости кои дополнително ќе ја збогатат вечерта.
Целата турнеја ќе ја следи екипата на „Имат – Немат“ и ИНТВ, за да сите Македонци ширум светот можат да ја почувствуваат атмосферата од овие незаборавни концерти.
📅 Старт: 17 Октомври
📍 Локација: Сала при црквата „Св. Димитрија Солунски“, Волонгон
Очекувајте вистински спектакл кој ќе ги обедини музиката, хуморот и македонската емоција на едно место!