
Во најновото издание на едно музичко шоу, публиката беше пријатно изненадена од настапот на младата и талентирана пејачка Мелис Илијазовска, за која многумина веднаш се прашаа – која е таа девојка со впечатлив глас и харизма?
Родена е на 28 јануари 2001 година во Леонберг, Германија, од татко Редзаил и мајка Елза, двајцата со корени од Ресен, Македонија. Уште од најмала возраст Мелис ја покажува својата љубов кон уметноста. Свиела на електрична гитара во училишниот оркестар, цели 11 години активно играла балет (од 7 до 18 години), а потоа започнала и со приватни часови по пеење.
Покрај музиката, таа има завршено средно медицинско училиште и моментално работи во Градската болница во Штутгарт. Но, музиката останува нејзина најголема љубов. Вели дека љубовта кон македонската песна ја наследила од својот татко, кој аматерски пеел на семејни веселби.
Мелис пее на македонски, турски, англиски, како и на други јазици, а со гордост признава дека Македонија ѝ е во срце – таму патува најмалку еднаш годишно, а често и по неколку пати.
Со својот талент, скромност и енергија, оваа млада пејачка ветува дека ќе стане ново омилено име на музичката сцена.