Стојне Николова – победничка на „Песна на летото 2025“ по одлука на жирито

Please follow and like us:
Pin Share

На овогодинешното издание на традиционалниот музички фестивал „Песна на летото“, кој се одржа на летната сцена на ИН продукција во Охрид, во конкуренција од дваесетина познати македонски пејачи, Стојне Николова ја однесе победата по одлука на стручниот жири.

Фестивалот и оваа година понуди вистински музички спектакл – со енергични настапи, емотивни изведби и извонредна сценографија. Николова блесна со својот моќен вокал, впечатлив сценски настап и уникатна интерпретација, што ѝ ги донесе највисоките оценки од жири-комисијата.

Организаторите истакнаа дека конкуренцијата била исклучително силна, но токму квалитетот на изведбата и професионалниот пристап на Стојне ја издвоиле како апсолутен фаворит за стручното жири. По приемот на наградата, таа се заблагодари на организаторите и жирито, велејќи дека ова признание е голема чест и поттик за нови музички предизвици.

Please follow and like us:
Pin Share