Даниела Дани – скромната дама со глас и став која освојува и со фолк и со поп

Please follow and like us:
Pin Share

Во свет каде многу јавни личности тркаат по сензации и титули, постојат и оние кои тивко, но упорно градат почит, авторитет и квалитетна кариера. Една од нив е Даниела Дани – вокалистка на познатиот бенд Тик Так, која важи за една од најскромните и најненаметливи пејачки на македонската сцена.

Без да глуми патриот, без да вее знамиња или да се расфрла со големи зборови – Даниела ја носи татковината во срцето. Нема потреба да измислува „топла вода“, туку со своето автентично пеење, одмерен стил и емоција успева да допре до публика од сите генерации.

Позната е и по визуелната страна на нејзините проекти – ретко кој може да се пофали со толку професионално изработени видео-спотови, а меѓу нив се издвојува и спотот за песната Две срца, снимен ни помалку ни повеќе туку во Австралија.

Она што ја прави уште поинтересна е нејзината музичка разновидност – Даниела со еднаква леснотија плива и во фолк, и во поп жанрот, секогаш задржувајќи свој стил и музичка естетика. Не се обидува да биде нешто што не е, и токму затоа е толку автентична и сакана.

Во време кога многу уметници брзаат по слава, таа со смиреност, искреност и квалитет, полека но сигурно гради респектибилна музичка кариера. Даниела Дани е доказ дека со труд, скромност и љубов кон музиката – успехот е неминовен.

Please follow and like us:
Pin Share