(видео)Петар Дамчески – млад талент од Австралија на јубилејот на „Имат Немат“ во Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

На јубилејното, петто издание на музичкото шоу Имат Немат, кое се одржа на централната сцена пред хотел „Палас“ во Охрид, посебно внимание привлече најмладиот учесник – Петар Дамчески.

Петар ни пристигна од далечниот Мелбурн, Австралија, каде активно настапува како дел од играорното друштво „Јане Сандански“. Неговото учество на јубилејот беше не само симбол на поврзаноста меѓу дијаспората и татковината, туку и доказ дека македонската песна и традиција живеат и се негуваат дури и на другата страна од светот.

За време на неговиот престој во Македонија, Петар сними две новокомпонирани песни во соработка со ИН Продукција, за кои исто така беа изработени и видеоспотови. Едниот спот веќе се емитува на македонската сателитска телевизија ИН ТВ, додека другиот е во завршна монтажа и наскоро ќе ја доживее својата премиера.

Како вистинско изненадување за публиката, Петар на јубилејната вечер на „Имат Немат“ настапи со изведба на стара охридска песна, со која успеа да ја воодушеви публиката и да донесе емоција која ретко се гледа кај млади изведувачи.

Петар Дамчески претставува мост меѓу традицијата и новите генерации, и сигурно е едно од имињата за кои ќе се слуша многу и во иднина.

Please follow and like us:
Pin Share