Доколку не, време е да го направите тоа! Овие денови, Александар Темелков заедно со својот Сенатра бенд го промовираа својот најнов музички проект – и тоа не каде било, туку во летното студио на популарната емисија ИмаТ немаТ во Охрид.
Премиерата се одржа на сателитската ИН ТВ, а видеото веќе кружи и по социјалните мрежи, привлекувајќи внимание со својата свежина, професионализам и препознатлив стил. Со внимателно одбран репертоар, модерна продукција и одлична изведба, Темелков и Сенатра уште еднаш потврдија зошто се едни од најинтересните музички состави на македонската естрада.
Настапот во емисијата “ИмаТ немаТ”, која важи за една од најгледаните музички платформи во летниот период, донесе позитивни реакции и коментари, а новата песна веќе станува дел од репертоарот на многу љубители на домашната музика.
Ако сѐ уште не сте го погледнале видеото – време е да кликнете „плеј“ и да уживате!
