(видео) Елена Андоновска со премиера на „Никнало цвеќе шарено“ на јубилејот на „ИмаТ немаТ“

Please follow and like us:
Pin Share

Македонската фолк пејачка Елена Андоновска беше една од ѕвездите на јубилејното издание на музичкото шоу ИмаТ немаТ, кое се одржа во Охрид и привлече бројна публика и гледачи пред малите екрани.

Во рамките на свечената програма, Елена ја изведе премиерно својата најнова преработка на песната „Никнало цвеке шарено“, која со нов аранжман и нејзина препознатлива емоција доби сосема нов сјај. Изведбата беше дочекана со одушевување и силни аплаузи од присутните.

Со оваа песна, Елена Андоновска официјално го најавува и својот нов албум, на кој активно работи и кој ќе содржи комбинација од традиционални преработки и нови авторски композиции.

Нема сомнеж дека овој настап е само најава за уште поуспешна сезона за Елена, која продолжува да ја негува македонската народна песна со посебна љубов и почит.

Please follow and like us:
Pin Share