Гоце Петрески – Бананата специјален гостин на јубилејот на „Имат Немат“ во Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

Во четвртокот вечерта, охридското шеталиште пулсираше во ритамот на староградската музика, по повод јубилејното издание на музичкото шоу „Имат Немат“. На оваа специјална вечер, посветена на познатите македонски староградски рефрени, како специјален гостин настапи легендарниот Гоце Петрески – Бананата.

Гоце специјално за оваа прилика допатува од далечниот Сиднеј, носејќи со себе дел од македонската носталгија и духот на деведесеттите години. Според сценариото на организаторите, тој ја врати атмосферата на златните времиња на македонската фолк музика со изведба на неговите најголеми хитови – вистински фолк евергрини кои публиката ги прифати со воодушевување.

Настапот на Гоце беше топло пречекан од присутните, кои со аплаузи и емоции ја споделија оваа незаборавна вечер под отворено небо, крај охридското езеро.

Како изгледаше сето тоа, погледнете во видеото подолу. 📽️

Please follow and like us:
Pin Share