🎻 Сања и Челик Бенд приредија незаборавна вечер во Куманово!

Please follow and like us:
Pin Share

Кога ќе се спојат звуците на виолината, ритамот на тапаните и македонскиот дух — не станува збор само за настап, туку за вистинска емоција, традиција и гордост што сме Македонци!

Таква беше атмосферата на неодамнешниот настап во Куманово, каде што една од најпознатите виолинистки во земјава, Сања, заедно со Челик Бенд, создадоа вечер исполнета со музика, енергија и љубов. Публиката од првата до последната нота уживаше во секој миг, а Санја уште еднаш докажа зошто е една од најбараните виолинистки на македонската естрада и неизоставен дел од многу веселби ширум Македонија.

Благодарна сум што бев дел од оваа магична вечер и што ја споделив оваа енергија со Челик Бенд, кои знаат да слават од срце. Кумановци, благодарам што ме прифативте како своја!“ – изјави Сања по настапот.

Настанот беше уште еден доказ дека македонската традиционална музика живее, се негува и пренесува со страст од генерација на генерација.Да подсетиме Сања Октомври и Ноември е на голема и прва Австралиска турнеја .

Please follow and like us:
Pin Share