Една од најпопуларните фолк пејачки во Македонија, Елена Велевска, повторно е во центарот на вниманието со нов и исклучително квалитетен музички проект насловен „8 Аманети“. Со својата препознатлива изведба и искрен пристап кон македонската фолк традиција, Велевска уште еднаш покажува зошто е една од најпочитуваните уметници на домашната сцена.
Деновиве, Елена интензивно работи на реализацијата на видеозаписите за овој проект, кои се снимаат на различни локации низ Македонија, со цел да се долови вистинската етно атмосфера. Аудио материјалот е снимен во студиото на познатиот Дејан Момироски, додека за видеопродукцијата се погрижи ИН Продукција, со која Велевска има долга и успешна соработка.
„8 Аманети“ е проект со автентичен етно звук и силна емоционална порака, кој публиката ќе има можност да го доживее за првпат на големиот концерт за Водици во Охрид.
Со бројни хитови зад себе и години на сцена, Елена Велевска продолжува да ја негува и претставува македонската фолк музика со посветеност и стил, носејќи ја традицијата блиску до новите генерации.

