ЛУЃЕ И НАСТАНИ Еве кој ѝ остана должен на Марина Туцаковиќ: Списокот го „наследи“ нејзиниот син

Славната авторка на најголемите музички хитови во регионот Марина Туцаковиќ ја загуби битката со подмолната болест и замина меѓу легендите. Кога дознала дека боледува од карцином на дојка, таа се откажала од идејата да ги наплати долговите, па престанала да ги брка пејач(к)ите кои ѝ должат пари за текстовите што ги напишала за нив.

Меѓутоа, Марина поседувала тетратка во која запишала се’. И кој која песна ја купил,  кој ѝ плаќал на рати, а кој се’ уште ништо не ѝ платил. Иако ѝ требале пари за лекување, од никого од должниците не побарала ни денар, но нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа наводно нема намера да биде дарежлив, пишува српски „Свет“.

Марина, исто така, водеше сметка кому ќе му го продаде конкретниот текст, кој ѝ платил и кога, се’ запишуваше со години, речиси откога почна да пишува. Фута и Лаќа знаат за оваа тетратка, и како што слушам, нејзиниот син не сака никому да му прости ниту еден динар, бидејќи знае колку боли  што не ја почитуваа, особено поради фактот што пејачите што ѝ се должни, дури и не се ни јавија да прашаат како е, дали можат да го отплатат својот долг на рати, иако знаеле дека ѝ се потребни пари за лекување. Беше многу нервозна за тие долгови и никогаш не разбираше како некој без срам може да се преправа дека е глупав, па дури и да не ѝ се јави и да ѝ се извини. Таа напиша сериозни хитови, на кои сите тие пејач(к)и собраа многу пари, а преостанатите ѝ останаа должни.

Штом се’ малку ќе слегне, можеби по 40 дена, Лаќа ќе го отвори тефтерот и ќе види од кого се’ треба да ги наплати сите тие долгови. Сигурно е дека сите ѕвезди кои ѝ се должни, ако не платат – ќе  бидат тужени. На многу пејачи нема да им биде добро, бидејќи тој е подготвен сето тоа да го обелодени јавно. Вкупниот долг на пејачката елита изнесува над 90.000 евра. Колку што знам, една популарна фолк-пејачкаѝ  остана сериозно должна и Марина ја бркаше долго време, а има и една пејачка која ѝ зеде дури четири песни, од кои две се сериозни хитови, и никогаш не ги плати“, тврди извор близок до Марина и нејзиното семејство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*