Весна Дедиќ со солзи во очите се прости од Сергеј Четковиќ кој ја изгуби битката со короната

 

Болката на Весна Дедиќ предизвикана од прераното губење на нејзиниот драг пријател, ја скрши авторката на емисијата „Балканската улица“ која од починатиот Сергеј Четковиќ се прости со емотивна порака.

Пеkолниот корона вирус прерано однесе уште еден живот. Прерано во 45 година од животот почина познатиот црногорски новинар Сергеј Четковиќ. Неговата кариера била одлична и јавноста го познава по емисиите на „Пинк“ и „Прва телевизија“.

Запамтен по хуманитарната работа и големото срце за себе ја остави неутешната сопруга Вања и синот Петар од првиот брак и многу колеги кои со неверување ја примиле веста за сmртта на новинарот.

Една од блиските пријателки била и авторката на „Балканска улица“. Болката Весна Дедиќ ја покажа со емотивната порака на социјалните мрежи.

– Сергеј… моја Подгорица, мое Пржно, мои кафани, моја промоција, мои летаа и мое чуство дека секогаш имам кој за мене беше и оган и вода нема да биде исто без Сергеј Четковиќ… колеги, пријатели, таткото на Петар…Нема утеха…Засекогаш во моето срце, напишала Весна Дедиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа на својот профил објави фотографија со него.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*