Формирана Комора на музичари и музички дејности на Македонија

Уметниците, музичките здруженија , правните субјекти од областа на музиката и музичката индустрија се здружија во Комора на музичари и музички дејности на Македонија.

На основачкото Собрание на Комората на музичари, што се одржа синоќа во Скопје, присуствуваа 52 делегати од музичката сфера.

Ова Собрание е од големо значење и прв чекор на овааа стопанска гранка  во поновата историја на Македонија, за организирање на музичарите и музичките дејности на највисоко институционално ниво. Со основањето на оваа Комора се надеваме дека ќе го регулираме и подигнеме нивото на нашата професија-музиката, од што ќе има бенифит целата држава и генерациите кои доаѓаат, велат од Управниот одбор на Комората на музичари и музички дејности.

Синоќа едногласно едногласно беше прифатен предлог Статутот на комората и беа избрани извршните органи. За претседател на комората беше избран Горјан Стојановски.

Претседавач на собранието беше Венко Пашовски, претседател на здружението Охридски Музички Еснаф.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*