Тајсон доаѓа во Белград- побарал цел кат од познат хотел и мени со биволско месо

Еден од најголемите боксери на сите времиња ќе биде гостин на Боксерската асоцијација на Србија, објави Блиц. Тајсон ќе пристигне во последниот дел од Светското првенство, а имал неколку услови за да дојде во Белград.

Еден од нив е да го добие целиот кат на еден од најпознатите хотели. Тој побарал и специјално мени базирано на биволско месо, и испратил порака до организаторите дека сака голем избор на свежо цедени овошни сокови.

Тајсон, 55-годишен поранешен шампион во тешка категорија, минатата година одржа егзибициска борба против Рој Џонс.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*