Не беше сам Голема ајкула му правеше друштво на познатиот актер додека сурфаше кај Малибу

На прв поглед секој може да помисли дека е сцена од „Ајкула“, хорор-филм на Стивен Спилберг за огромна бела ајкула која тероризира мала крајбрежна заедница.

Но, сликата на заканувачка ајкула која кружи околу штицата за сурфање на холивудската sвезда Орландо Блум е всушност реална, а актерот го привлече вниманието додека се движел низ водите на Пацификот крај брегот на Малибу.

Блум (44) сурфал со пријател кога Карлос Гауна снимил клип со голема млада бела ајкула како се движи во водата под него.

Актерот го тагна, односно го означи Гауна – локален фотограф кој стекна слава на социјалните мрежи со неговите преубави фотографии од зајдисонце околу Малибу.

„Супер ден, човеку“, напиша Карлос на објавата на Орландо. „Имаше убав поглед на голема млада бела ајкула. Среќно за тебе! Нешто што никогаш нема да го заборавиш. Многу мирна ајкула која се лади во Малибу!“

Превземено од За Се

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*