Жена му секогаш во 9 излегувала дотерана со изговор дека ќе го шета кучето – ја следел и еве што видел

Американката Паола Јурис (33) од Њу Хемпшир откри на социјалните мрежи дека посетувала часови по танц три месеци пред нејзиниот сопруг Денис да дознае што прави во слободното време.

Паола избегнувала да му открие на својот сопруг што прави секоја втора вечер кога излегува да го шета кучето околу 21 часот, бидејќи, како што истакнува на Фејсбук, тој не само што ќе и се смее, туку и ќе се потсмева, бидејќи тој секогаш мислеше дека таа не знае како да танцува.

– Мојот брак од таа страна никогаш не бил идеален. Ја немав таа слобода да се реализирам онаму каде што чувствувам дека можам и морав да правам некои работи без да знае Денис. Така, му реков дека одам да го прошетам кучето, и всушност танцувам. И си поминав одлично – пишува Паола, пренесува WBIN од Њу Хемпшир.

Нејзината приказна стигна до локалниот портал бидејќи Паола не само што покажа дека е природен талент за танц, туку и учествуваше на првиот натпревар на оваа американска држава, по само три месеци од првиот час.

– Мојот сопруг дозна за моите часови следејќи ме. Тој виде дека гардеробата што ја носев надвор веќе не е иста. Никогаш ништо не може да пропушти тој човек. Ме праша неколку пати претходно дали одам на состанок, се сомневаше. Но, јас едноставно не сакав да му кажам за танцот. Кога ме виде во салата додека стоеше на вратата, го видов неговиот израз. Тој беше шокиран. Молчеше и излезе надвор. Ме чекаше напред со кучето, беше лут. Не поради танцот туку затоа што ништо не му кажав. Му објаснив зошто молчев, па тој призна дека тогаш тој е виновен за се. Тој додаде дека бил многу изненаден како танцувам. Сакаше и тој да танцува со мене. Но, ќе мора да почека за тоа – рече Сузи во подоцнежното интервју.

Откако постигна убав резултат на првото локално натпреварување, Американката сега има посериозни амбиции.

– Јас сум доволно возрасна за да можам брзо да се прилагодам на барањата и трендовите. Танцувам модерни танци, мислам дека можам да напредувам многу повеќе – додава Сузи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*