Африканско племе го шокира модерниот свет – жените имаат љубовници, а мажите носат превези

Туарезите се еден од најмистериозните народи во Африка. Низ Сахара живеат околу два милиони припадници на ова племе, познати се по својата сина облека и по лутањата низ пустината.

Нивниот начин на живот е многу необичен, посебно кога се во прашање жените и нивната слобода. За нив е карактеристична традицијата на матријахат. А некои нивни обичаи се необични и шокантни за модерниот свет. Само кај Туарезите на девојките им е дозволено да имаат по неколку љубовници пред бракот, а мажите откако ќе станат полнолетни, мора да носат превез преку лицето.

Ова е уште почудно ако се има предвид фактот дека Туарезите се дел од берберските народни и главно се од муслиманска вероисповед, но неговите обичаи во голема мера се косат со обичаите и верата на другите муслимани.

Кај нив е многу битно и мора се почитува правилото на приватност. Кај Туарезите, жената може секоја вечер да ја посетува друг партнер, но тој во нејзиниот шатор мора да дојде откако ќе падне мрак и да го наппушти пред разденување. Во своите шатори, жените се господарки. Мажите им се додворуваат така што им пишуваат песни на парче дрво и им ги поклонуваат, па тие го бираат оној чии стихови најмногу ќе им се допаднат.

Во ова племе разводите се многу популарни и за нив главно одлучуваат жените. Во тие случаи, жените најчесто го задржуваат шаторот, животните и децата, а мажот се враќа во родителскиот дом. Популарни се и предбрачните договори со кои се врѓи поделба на имотот во случај на развод.

По традиција, семејството на разведената жена прави забава во чест на нејзиниот развод и со тоа на другите мажи им дава до знење дека таа е повторно слободна. Меѓутоа, врв на овој чуден однос и положбата на жените е тоа дека мажот ако не е нејзин партнер, не може да јаде со неа.

Интересно е и дека жените од племето Туарег не го покриваат лицето, но затоа мажите го прават тоа, поради што и ги нарекуваат „сини мажи на Сахара“. Тој назив потекнува од нивната голема љубов кон индиго бојата со која е обоена нивната облека. Мажите Туарези носат сини турбани и го покриваат лицето, делумно поради сонцето, но и како дел од традицијата за скривање на емоциите. Мажите Туарези почнуваат да носат вел на 25 години. Овој син вел го покрива целото лице, освен очите, но никогаш не го симнуваат, дури ни пред членовите на семејството.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*