Џастин Бибер и БТС меѓу големите победници на „Ем-ти-ви наградите“

Раперот Лил Нас Икс и поп-sвездата Џастин Бибер ги освоија главните награди на годишното шоу на доделување награди за видео и музика (MTV Video Music Awards) во неделата вечерта на церемонија исполнета со ненајавени настапи, изведби во живо и илјадници фанови со маски за лице.

Младата Оливија Родриго и јужнокорејскиот поп бенд БТС беа исто така меѓу главните победници на првата голема свеченост во Њујорк одржана со целосна публика од фанови и славни личности од избувнувањето на пандемијата.

Канаѓанецот Бибер (27) се врати на сцената на VMA првпат по шест години и ги зеде статуетките Moon Person за уметник на годината и најдобрa поп-песна за синглот Peaches

Превземено од ЗА СЕ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*