Цеца и Рада денес гордо ги покажуваат забите, а некогаш ги криеле – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледале пред да стават порцелан!

Можеби интервенцијата не е голема, но може да направи голема разлика што се гледа и од фотографиите.

Цеца Ражнатовиќ, Лепа Брена и Јелена Карлеуша се само едни од познатите ѕвезди кои имаат порцелански заби.

Брена повеќе пати се има почестено со нови порцелански заби, но интересно за неа е тоа што таа има почестено и неколку нејзини колешки да си ја разубават насмевката.

Од нејзините фотографии можеме да видиме дека на почетокот од кариерата имала крупни заби, но не биле еднакви, ниту рамни и толку убави како сега.

Брена последен пат во 2017 стави нови заби, а како што кажавме интересно е што неколку Гранд ѕвезди ги има почестено со насмевка како нејзината.

Имено, своевремено се зборуваше дека Брена решила да и помогне на пејачкata Рада Манојловиќ, додека се натпреварувала во Ѕвездите на Гранд.

Наводно токму таа и ги платила забите.

Таа сега со својата насмевка ја освојува публиката и важи за една од најубавите пејачки во регионот.

„Единствената работа што ја имам направено се забите. На тоа ми го сврте вниманието Снежана Ѓуришиќ. Јас не сакав да ги средувам забите се додека не ги погледнав снимките и не видов дека на телевизија не изгледам убаво. Посакав да имам насмевка како Анџелина Џоли. Сето останато што ми зборуваа дека не е убаво, погледнав на снимките, и тоа не ми пречи“, изјави Рада пред неколку години.

Погледнете ги и останатите ѕвезди како изгледале пред и по своите порцелански насмевки.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*