(Фото) Светски познатата тенисерка му кажа „ДА“ на македонскиот милијардер

Симона Халеп, една од најдобрите светски тенисерки, реши да скокне во тавче и кажа „ДА“ на македонскиот милијардер, со кого повеќе од две години е во врска, пренесува Гол.мк.

По елиминацијата од УС Опен од Свитолина, Халеп се врати во Романија и соопшти убави вести. 29-годишната Романка ќе се мажи за Тони Јуруч, кој е влав по потекло од Македонија и е милијардер, сопственик на повеќе фирми од Романија.

„Ова ќе биде прекрасен настан, многу сум возбудена. Правам важен чекор во мојот живот и среќна сум што се случува“, изјави поранешната број еден тенисерка во светот.

Инаку и Симона Халеп е од влашко потекло од Македонија. Според пишувањата на медиумите од Романија, претците на романската тенисерка доаѓаат од битолското село Маловишта. Врската на Халеп и на 42-годишниот бизнисмен никогаш не е премногу експонирана во јавноста.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*