Мелани Тapчyловска на 16 г. блесна на Охридски Трубадури и ОСВОИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА

На годинашното 28. по ред издание на познатиот интернационален музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури, кој се одржуваше од 10-11.09., Мелани Тарчуловска ја освои престижната награда Долни Сарај.

16-годишната Мелани за прв пат застана пред камерите и покажа дека дури и на оваа возраст може да се постигне голема професионалност во музиката.

Мелани на сцената блесна со преубав стајлинг и настапи со балада која ги освои срцата на публиката и стручното жири.

Песната се вика “А ти”, за која текстот и музиката се дело токму на младата Мелани, додека аранжманот се погрижи Иле Спасов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*