Ковачевиќ се ожени со поранешната сопруга на Богдан Срејовиќ? Популарниот пејач прозборе за тајната венчавка!

Саша Ковачевиќ ужива во врската со мисицата Зорана Тасовац, а сега и прозборе за нивниот однос.

Тој реши да открие некои работи кои досега беа непознати за јавноста, а со кои ги разнежи неговите верни фанови.

Имено, веќе подолго време се зборува дека пејачот тајно се венчал, па тој конечно реши и да открие дали има вистина во тоа.

Па така на прашањето дали ја запросил саканата и дали тие се венчале, познатиот пејач одговори како од пушка.

„Да, меѓувремено. Чекав да ме прашате за тоа“ одговори пејачот во еден здив, но стана нејасно дали се шегува или не.

Инаку, Зорана Тасовац му е поранешна сопруга на Богдан Срејпвиќ, новото момче на Цеца Ражнатовиќ.

Зорана од овој брак ја има ќерката Искра со која пејачот Саша Ковачевиќ е многу близок.

„Има многу слики и видеа, но јас не сум некој што многу открива за својот приватен живот. Искра е прекрасно дете, таа сега е на возраст кога е многу смешна, но јас повеќето од тоа не сакам да го објавам“, изјави порано пејачот за „Грандолајн“.

Што се однесува до неговата врска, тој вели:

„Љубовта е најважна, и доколку тие енергетски и емотивно се пронашле, тоа е најубавото нешто. Не сакам да зборувам за друг, не е важно дали е тоа Цеки во прашање или Богдан, туку било кој друг пар, па затоа досега и не се огласував“, вели искрено Ковачевиќ за Грандонлајн.

Богдана и Зорана се разделија пред пет години.

Нивниот брак траеше кратко, но тие и денес се гледаат и се согласуваат одлично.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*