Хорор издание на Ким Кардашијан

Ким Кардашијан се прошета низ Њујорк во навистина невидено издание. Таа дојде во хотелот Риц Карлтон буквално од глава до пети, завиткана во кожен костим на Баленсијага.

Кога велиме од глава до пети, овој пат буквално мислиме така, бидејќи таа дури го покри лицето со кожна маска со патент на лицето и на очите.

Ким се пофали и со својата комбинација на облека на Инстаграм, но судејќи според коментарите, стилот не им се допадна баш на нејзините обожаватели. Таа загрижи многумина и ја прашаа дали е добро.

Ким, мила, нееее, ова не е американска хорор приказна“, „Госпоѓо, дали сте добро?“, „Ова не е вашето најдобро издание“, „Ким, што е ова?“, „Ова само изгледа глупаво “,„ Што гледам? “беа само некои од коментарите.

Таа, исто така, потсети на нејзиниот поранешен сопруг Кание Вест, кој исто така неодамна се појави со маска што го покри цело лице и глава.

„Дали сте повторно заедно?“, праша еден од обожавателите.

 

Превземено од  ЗА СЕ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*