МАКФЕСТ 2021 – ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТОТ, РАДИОТО И ТЕЛЕВИЗИЈА.

В петок и сабота се одржува 36-тото издание на Фестивалот на музика “Макфест“. По тој повод беше организирана конференција за печатот, радиото и телевизијата, на кој беше извршено извлекувањето на редоследот за настап. Концепцијата на фестивалот е негово одржување во две програмски вечери. Првата, посветена на изведувачи кои првпат се појавуваат на сцената на Макфест, и втората замислена како финале. Значи , на 17 – ти фестивалската програма ќе ја отвори, Калина Велковска со изведбата на композицијата “Четири“. Според годинешниве правила петте најдобри композиции се пласираат во финалето за следната вечер, а во втората вечер ќе настап ат поискусните, како неколкукратниот победник на Макфест Александра Јанева, Мартинијан Кириловски, потоа Роберт Билбилов, Ѓоко Таневски, Интервали, Лара, Пепа,Eye Cue и други. По завршувањето на двете фестивалски вечери ќе има шоу програма. На 17-ти настапуваат “Тумбао салса бенд“, а на 18-ти Александар Митевск и Драган Спасов –Дац, заедно со “Brasstet Skopje”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*