Бритни Спирс се сврши со 12 години помладото момче!

Двојката ја официјализираше својата долгогодишна врска денес и тие се длабоко трогнати од поддршката, посветеноста и љубовта што ја добија “, рече Брендон Коен, менаџерот на Сем Асгари, за Си -Ен -Ен.

Контроверзната поп-ѕвезда Бритни Спирс (39) објави дека ќе стапи во брак со 12 години помладиот Сем Ашгари (27).

Оваа е трета свршувачка за Бритни.  По годините исполнети со скандали и проблеми за поп-принцезата, се чини дека конечно доаѓа периодот во кој таа целосно ќе биде среќна.

Свршувачката доаѓа неколку дена откако таткото на Бритни, Џејми Спирс, одлучи да се откаже од старателството над својата ќерка, кое траеше 13 години.

Бритни и Сем ја објавија среќната вест на Инстаграм, а пејачката се пофали со огромниот дијамантски прстен:

„Едноставно не можам да верувам“, напиша пејачката под објавата.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*