Кога дозна дека има леукемија се уплаши замина од дома и умре – Пејачот Масимо Савиќ прв пат прозборе за семејството

Хрватската ѕвезда Масимо Савиќ беше гостин на србската Пинк телевизија и за прв пат откри детли од неговиот живот, за кои никогаш не зборувал.  Откри кој е неговата најголема поддршка од неговото семејство, па зборуваше за раното детство и неговите родители.

-Моите први музички моменти ги доживеав со тетка Елеонора. Таа беше мојата најголема поддршка во детството. Мајка ми е мајка, но нејзината најмлада сестра ми беше најдобра пријателка и останавме добри до ден -денес. Имаше денови кога мајка ми и татко ми се разведоа, но не толку тешко за да остават трага врз мене. Бев доста зрел, знаев дека работите се привремени. Односот помеѓу моите родители беше романтичен и бурен. Се запознале кога бил слеп, пред операцијата. Мислеле дека нема да ја преживее операцијата, но успеаја. Тој не гледал до 61 година, кога се запознале. Со многу силна диоптрија, тој прогледал и преживеал. Тој и рекол на мајка ми: „Може ли да те посетам кога ќе прогледам и се венчаме?“ И така беше. Ги раздели болеста, му дијагностицираа леукемија, се исплаши и само замина и умреа – вели Масимо за неговите родители , и додава:
-Само замина. Не знаевме каде е некое време. Откривме дека живее со жена која исто така умирала од рак. Тој беше ужасно погоден од таа болест, исто и јас. Мислев дека ќе го преболи. Секој пат за мојот роденден испраќаше подароци во лимузина. Не стигнав да му кажам многу. Бевме ужасно врзани додека тој беше тука. Тој почина кога имав 6 години, па дури подоцна дознав се за него од неговите пријатели, изјави Масимо.
И покрај се тој кажа дека не би променил ништо во животот, па се врати  назад во периодот на војната и откри што научил од тој тежок период:

-Многумина ме гризеаа, но стигнав до целта без ниту едно искинато парче. Многумина се обидоа да ми попречат. Имаше секакви инсинуации за време на војната. Војната ми остави длабок траг. Ме научи да не давам доверба  туку така,  како и да го задржам мојот мал круг на големи луѓе, тоа се оние кои стојат во прегратка. Мојата ќерка, сопругата и кучето. Мојата најголема љубов е мојата сопруга – заклучи Масимо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*