Едно 11 годишно момче си ја облекло топлата зимска облека па му рекло на татка си:

„Тато, јас сум спремен“!
Татко му, кој бил проповедник во локалната црква го прашал: “Подготвен за што?”
“Тато, време е да излеземе и да ги дистрибуираме нашите брошурки”.
„Сине, надвор е многу ладно и врнежливо“.
Детето изгледало изненадено од одговорот на татка си па му рекло: „Но, тато, луѓето треба да знаат за Бог дури и во дождливи денови“.
„Сине, јас не одам надвор на вакво време“.
Со очај, детето го прашало: “А дали би смеел самиот да одам? Те молам тато!”
Татко му се замислил па му рекол:
“Во ред сине, можеш да одиш. Еве ти ги флаерите, но биди внимателен”.
“Благодарам тато!”
Детето излегло и се упатило кон улиците на нивното мало гратче.
11-годишникот им делел брошурки скоро на сите луѓе кои ги среќавал. По два часа одење по дожд и студ, приметило дека му останала само уште една брошура.
Застанал на еден агол со цел да го причека и следниот минувач, но улиците веќе се беа испразниле.
Длабоко решен да го подели и последното ливче се упатил до влезната врата од првата куќа која била пред него.
Неколку пати ѕвонел но никој не ја отворал вратата.
Кога момчето одлучило да си замине, сепак се предомислило и се вратило назд. Овојпат не само што ѕвонело, туку започнало и да удира по вратата со своите нежни коленца.
Конечно вратата се отворила.
Се појавила една возрасна госпоѓа која со нежен глас и тажен поглед го прашала:
„Што можам да направам за тебе мило дете?
Со светнати очи и блага насмевка, детето и одговорило:
„Госпоѓо, се извинувам ако ве вознемирувам, но, сакав само да ви кажам дека Бог ве љуби а наедно би сакал и да ви ја дадам мојата последна брошурка во која пишува колку навистина Бог ве љуби”
Момчето и ја дало брошурата и си заминало.
„Благодарам синко, Бог да те благослови!“
Следната недела наутро, пасторот пред почетокот на неделната Богослужба од говорницата прашал:
„Дали има некој во црквата кој има сведоштво и сака да го сподели со сите присутни?“
Од последниот ред станала една госпоѓа. Гласот и бил нежен и мил а од очите и зрачел чуден сјај!
„Никој овде не ме познава.
Никогаш не сум бил тука.
Се’до минатата недела НЕ бев заинтересирана за Господ нити пак живеев како христијанка, иако сум родена во христијанска фамилија. Пред некое време почина мојот сопруг и ме остави сама и безнадежна.
Минатата недела – тој ладен и дождлив ден, исто така и моето срце беше заладено, во неповратна безнадежност за натамошно живеење! Тој ден чувствував дека сум стигнала до крајот на мојот животен пат!
Зедов стол и јаже и се упатив кон таванот на мојата куќа. Откако се качив на столот, ги врзав краевите и си го ставив јажето околу вратот.
Во моментот кога требаше да го клоцнам столот слушнав силно тропање на мојата надворешна врата.
Си помислив: “Ќе причекам една минута па кој и да е ќе си замине.“
Чекав и чекав, но тропањето стануваше сè погласно и погласно. Во моите уши тоа ечеше толку гласно што не можев повеќе да го игнорирам.
Се прашав, кој би можел тоа да биде?
Никогаш, никој не се доближил до мојата врата и никој не доаѓа да ме посети!
Го олабавив јажето од вратот и отидов до вратата.
Кога ја отворив, не можев да им верувам на своите очи!
На вратата ѕвонеше и тропаше едно мало и мило дете со ангелско лице.
Неговиот поглед и изглед, ох, не можам да ви ги опишам! А зборовите од неговата уста беа како од уста на АНГЕЛ ХЕРУВИМ кои како да му ја вратија надежта на моето оладено и разочарано срце.
Со мил и нежен глас ми рече:
„Госпоѓо дојдов само да ви кажам дека Бог ве љуби“
„Кога малиот “ангел” си замина, ја затворив вратата и со внимание го прочитав секој збор од напишаната порака.
Срцето ми се исполни со необјаснета радост!
Не ми требаа повеќе јажето и столчето. Како што гледате…. сега сум среќна ќерка на Кралот над кралевите – Господ Исус.
Му благодарам на Господа што ми го испрати тој мал ангел Божји за да стигне кај мене на време.
Всушност, НЕ само да ми го спаси овој живот, туку и да ме спаси од вечните маки кои требаше да ги минувам во пеколот.
Сите присутни во црквата биле во солзи.
Пасторот липајќи слегол од говорницата, се упатил до првата клупа и го зел в раце своето мило синче.
Не дозволувајте оваа порака да замрзне!
Запомнете!
Божјото Евангелие може да направи голема разлика во нечиј живот, затоа не плашете се да го ширите!
Бог нека ве благослови! Споделете! Амин! 🙏

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*