Фолкерката плива во пари, но е несреќна: „Џабе ни се милионите кога немаме деца!“

Пејачката Бранка Соврлиќ беше популарна во 80-тите и 90-тите, но веќе долго време не се занимава со музика.

Имено, таа сега ужива во богатството на својот сопруг со кого живее во раскошна вила во Сараево.

Поранешната пејачка не крие дека сопругот често и ги остварува желбите, но и дека малку е тажна заради лошото време.

Единствено што ми е жал што врне дожд па не можам да пливам во базенот, секој ден пливав за да ја бидам во топ форма.

Како што пишуваат српските медиум, пејачката дошла дотерана во својот бесен автомобил, но и со букет во рацете.

„Мојот сопруг мене секогаш ќе ме израдува со некоја ситница, затоа и јас сум среќна жена“, вели таа.

Таа неколку пати има истакнато дека единствено и е жал што со нејзиниот сопруг не се оствариле како родители.

„Пајо, односно Садик Пашиќ, мојот маж, и јас заработивме многу. Без лажна скромност, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа некоја виша сила, да не даруваше со деца, односно барем со едно дете.“

„Вака некој би кажал џабе ни е сé. Едноставно не ни се даде и во совршен брак со многу љубов и почит да станеме родители.

Огромен базен и двор како од бајките

Бранка пред нешто повеќе од десет години го наговори својот сопруг да ја пазарат луксузната вила Гулабица. Па така познатата пејачка сега последните денови од летото ги минува на својот луксузен имот, кој претставува вистинска оаза на мирот за неа и нејзиниот сопруг.

Во прашање е вила која пејачката заедно со својот сопруг ја купија пред 10 години и која е под заштита на државата. Поранешната пејачка со своите пријатели ужива во базенот, како и во преубавата градина што ја има на имотот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*