Бискуп си дал оставка откако се заљубил во писателка на еротски романи

Шпанскиот бискуп и егзорцист Чавиер Новељ, објави дека се повлекува од функцијата бискуп на Солсона во Каталонија, бидејќи сака да започне нов живот од строго лични причини.

Според веб-страницата Religion Digital, бискупот се заљубил во Силвија Кабаљол Клементе, која е 14 години помлада од него. Авторка е на еротски романи, разведена е и мајка на две деца. Бискупот наведува дека ја запознал Силвија, која е психолог и студирала религии (католицизам и ислам), јога, демографија и сексологија.

Издавачот нејзините книги ги опишува како да ги „ги превртуваат сите наши морални и етички размислувања“.

Нејзината последна книга, „El infierno en la lujuria de Gabriel“, ​​е приказна за затворот, сектите, садизмот, страста, бесмртноста и бруталната борба помеѓу доброто и злото, меѓу Бог и Сатаната, и меѓу ангелите и демоните.

На бискупот Новељ му се предвидувала светла иднина бидејќи во Шпанската католичка црква го гледале ѕвезда во подем. Во 2010 година, кога имаше 41 година, беше прогласен за најмлад бискуп во Шпанија.

Папата ја прифати неговата оставка, а црквата сѐ уште нема излезено со коментар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*