АЛИОСКИ: КОГА ДОЈДОВМЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМАШЕ ПРЕЧЕК И ФАНОВИ – НИКОЈ НЕ НИ ИСКАЖА ПОЧИТ, БЕВ РАЗОЧАРАН

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, по враќањето од Европското првенство очекувал многу фанови кои ќе ги поздрават.

„Ние направивме голема работа со пласманот на ЕП. Бев многу разочаран што кога пристигнавме во Скопје немавме никаков дочек. Ние испишавме историја, а сепак не не пречека никој. Луѓето како да заборавија колку е тешко да отидеш на фудбалско ЕП како толку мала земја и колку е тоа голем успех. На пример видов кога едно момче освои медал на Олимпијадата – колку луѓе го дочекаа. Зошто така реагираа за него, а не и за фудбалскиот тим?

Еден голем град како Скопје не ни искажа почит. На пример моето село Црнилиште вистински поздрави фудбалер што знае колку дава за оваа земја.  Се надевам дека на дуелите со Ерменија и Романија вистински ќе ни пружат поддршка“. додава Алиоски во интервјуто кое е правено ПРЕД квалификациските натпревари.

Инаку Алиоски пред оваа изјава, ја пофали македонската публика за нивната поддршка во Букурешт посочувајки дека тоа го направило горд. „Некој конечно дојде да не гледа нас, бев изненаден и многу среќен. Порано доаѓаа само за противниците како Шпанија или Германија. Во Букурешт беше поинаку.

Mak SPort

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*