Џеј беше со многу жени, но само со една се ожени – еве како изгледа ПОРАНЕШНАТА сопруга на пејачот од која доби две ќерки

Најголемата љубов во животот на познатиот пејач

Титулата за еден од најголемите боеми на балканската естрада долго време ја носеше Џеј Рамадановски.

Како таков имаше многу љубови во животот, но само една остана засекогаш во неговото срце.

Имено, пејачот често зборуваше за неговата поранешна сопруга Нада со која има две ќерки, Ана и Марија.

Џеј го носеше и нејзиното име истетовирано на рацете и за неа никогаш нема кажано ништо лошо.

Нада јавно не се експонираше, но според песните на Џеј може да се заклучи колку му значеше и каква жена е.

„Немам љубов. Понекогаш ќе му зафали, бидејќи знам дека мојата поранешна сопруга Нада е народен херој.“

„Таа ми роди две деца, секоја чест и на другите жени што беа со мене, но сепак Нада е Нада, изјави Џеј своевремено и додаде:

„Можам да најдам девојка, да ја ќарам, но што знам. По Нада имав четири сериозни врски, но … Живеев така, заработував, трошев..“, раскажуваше популарниот пејач своевремено во една емисија.

Џеј и Нада и по разводот останаа во одлични односи и добри пријатели и заедно се грижеа за нивните деца.

Една од ретките фотографии ги објави нејзината ќерка Марија, а во продолжение погледнете како таа изгледа.

Колку пејачот ја сакал својата поранешна сопруга зборува и тоа што во последните неколку интервјуа популарниот пејач зборуваше само за неа.

„Колку и да лутав, секогаш доаѓав дома, се обидував да бидам совршен маж, но мислам ден-денес дека сум подобар поранешен сопруг, отколку што бев во бракот“, изјави Џеј неодамна во емисијата „Балканска улица“.

Инаку, постарата ќерка на Џеј е омажена за Адил Максутовиќ, па досега неколку пати се појавуваше и на насловните страници, додека помладата ќерка на пејачот, Марија, за време на неговиот живот ретко имавме прилика да ја гледаме. Таа го наследила талентот за пеење од својот татко, што до скоро беше семејна тајна, но како што велат многумина, големи се шансите Марија да тргне по стапките на својот татко.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*