Триото Кладенец со прекрасен концерт во Лешок

Познатото трио кладенец имаа прекрасен концерт на сцената во Лешок,водител на концертот беше Ирена спировска.имаа и гости на концертот како што се групата Аманет ,Вис, Џељо Дестановски и многу други.Концертот ќе биде премиерно  емитуван на Сателитската ИНТВ и неколку друѓи Тв низ Македонија.

Зачетоците на вокалното Трио Кладенец се започнати во културно уметничкото друштво ,,Кирил Пејчиновиќ’’ Теарце каде што по иницијатива на млади лица од Теарце беше формирано истоименото здружение. Таа иницијатива беше на истите членови како и во Триото Кладенец односно Сашо Костадиновски, Мирослав Симјановски, Бобан Трпковски и други млади лица кои не се дел од триото. Тогаш вокалното Трио делуваше како КУД ,,Кирил Пејчиновиќ” од период 2013 година па се до мај 2018 година. Во тој период беа освоени голем број награди и признанија во нашата држава и странство. Во горе наведениот период денешните членови на Трио Кладенец во културно уметничкото друштво делуваат за многу значајни и имаат голем придонес за изворното пеење и народните ора од Полошкиот крај и пошироко. Во периодот од 2013 до 2018 година членовите на триото во културно уметничкото друштво делуваат како: Етнокореолог Сашо Костадиновски – Уметнички Раководител, Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски како Асистенти. Од 2018 година па се до ден денес наведените асистенти се унапредуваат како Кореографи, а функцијата на Уметничкиот Раководител во КУД ,,Кирил Пејчиновиќ‘’ останува непроменета. Пеачката секција во горе наведеното културно уметничко друштво од самото основање, делуваше како една од ретките кои ја презентираат традиционалната изворна песна во оригинална верзија. Како истакната секција во здружението, по тој повод се дојде до идеја да се формира независно вокално Трио од културно уметничкото друштво, по иницијативата на Сашо Костадиновски, Мирослав Симјановски и Бобан Трпковски.

Во Мај 2018 година во однос на именувањето на триото беа предложени повеќе имиња од кои по предлог на Бобан Трпковски одлучивме Триото да го именуваме како ,,ТРИО КЛАДЕНЕЦ “ што во традиционалната литература претставува ИЗВОР. Нешто подоцна во триото се вклучи и четвртиот член Иван Божиновски кој исто така е дел и од културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ за потребите на настапот на Лешочки Фолк Фест, а воедно и за снимање на првиот видео запис на песната ,,Да си вечна земјо моја”. Во целокупното делување триото има овоено голем број награди и признанија, освоени први места и настапувано на голем број државни манифестации, концерти, семинари, презентации, промоции и друго. Дел од овие награди се освоени како пеачка машка секција во културното уметничко друштво, а подоцна и самостојно како Трио Кладенец. Покрај промовирање на изворните песни Триото Кладенец изработува и новокомпонирани авторски песни кои ја задржуваат истата генеза и начин на интерпетација како и песните што се пееле во минатото. Новокомпонирани песни на вокалното трио се:

„Да си вечна земјо моја“ 16.12.2018 год.
„Мајко земјо не плачи“ 14.04.2019 год.
„Свадба најубава“ 27.07.2019 год.
„Соколе“ 27.07.2020 год.
„Пуста да е печалба“ 27.07.2021 год.
реализирани во период од 2018 до 2021 година. Вкупно реализирани се над 300 сценски настапи.
Како најистакнати признанија за триото ќе ги наведеме во понатамошниот текст:

Освоено прво место на фестивалот за народни инструменти и ора Пеце Атанасовски- Долнени, Прилеп за најистакнато вокално трио на 05.07.2014 година;
Освоено второ место за најавтентично вокално трио на фестивалот Бело Ленче во Врање Р.Србија во склоб на културно уметничкото друштво Кирил Пејчиновиќ- Теарце на 15.08.2015 година;
Освоено прво место на меѓународниот фестивал за традиционално пеење во Неготин Р.Србија- во склоб на културно уметнилкото друштво Кирил Пејчиновиќ- Теарце на 27.05. 2016 година;
Освоена плакета и признание за учество на фестивалот на народни инструменти и ора Пеце Атанасовски Долнени, Прилеп на 05.07.2015 и 2016 година.
Освоено признание за најуспешна вокална изведба на фестивалот Илинденски денови 29.08.2017 година во Битола;
Освоени сертификати за учество на семинар Илинденски денови во Битола во 2016 и 2017 година;
Освоено гран при прво место на фестивалот за народни инструменти и ора Пеце Атанасовски- Долнени, Прилеп 02.07.2021 година;
Учество на „Ехо од дамарите“ – вокално инструментална вечер во склоп на фестивалот „Илинденски денови“ 27.07.2021;
Освоена награда за најуспешно вокално трио на фетивалот Илинденски денови Битола 27.07.2021;
Реализирани настапи и освоени благодарници и дипломи на повеќе меѓународни фестивали, од кои се: Целовечерен концерт со КУД ,, Цветко Грбиќ‘’ во Штрпце Р.Косово, Учество на фестивал во Келес, Бурска Р.Турција, Учество на меѓународен фестивал во Нови Сад Р.Србија, Учество на повеќе промоции во областа на литературата и народната култура, Учество на повеќе солистички концерти на бројни познати естрадни уметници во Македонија (Круме Спасовски, Синтезис, Шербет, Трио Гавровски, Зоран Џорлев и многу други)
Учество и презентација на изворнотo пеење во сите национални медиуми во Република Македонија.

Целовеќерениот солистички концерт е во склоп на проектот насловен Денови на изворното пеење „КЛАДЕНЕЦ“ подржан од Министерството за Култура на Републока Македонија. Концертот ќе се одвива во два дела, првиот дел ќе биде презентирано изворното пеење од етничкиот предел „Дилни Полог„ насловено како „Гласоечко“ пеење кое е под заштита на унеско како нематеријално културно наследтство, како и изворни песни од Егејскиот, Пиринскиот крај како и од територијата на Република  Македонија. Во вториот дел ќе се изведат новокомпонираните авторски песн на „Триото Кладенец“. На овој солистички концерт Триото Кладенц ќе го придружува вокално инструменталниот состав „Аманет“, а како гости музичката група ќустек и виртуозот на инструментот зурла Џењо Дестановски.
Гласоечко пеење – традиционален облик на вокална музика, машко двогласно пеење од Долни Полог, карактеристично за оваа област. Ова пеење се препознава како симбол на културниот идентитет на македонскиот народ од оваа област кој токму во гласоечките песни ги вградил својата историја, митологија, традиција и култура. Песните се пеат полифониски, додека бурдонскиот глас се движи спротивно во однос на водечкиот мелодиски глас, често следен со кавал и гајда. Гласоечкото се изведува неусилено од два-тројца пејачи, на свечености, свадби, собори, селски слави и други пригоди. Гласоечките пејачи се истакнати и талентирани поединци кои се стекнале со знаење и техники од постарите генерации пренесувано од колено на колено.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*