Снежана од Демир Капија бара помош од нашата дијаспора во Германија и Швајцарија за да го пронајде синот Илија

Веќе извесен период нема никаква трага од Илија Лазаревиќ, 30-годишно момче од Демир Капија, кое на втори април годинава, околу 15.45 часот излегло од дома, наводно да се прошета како што и кажал на својата мајка, и повеќе не се вратило.

Неговото исчезнување во полиција го пријавила мајката Снежана, која се загрижила уште истиот ден, откако Илија не и одговорал на телефонските повици и пораки.

Како што изјави претходно за медиумите во петокот кога исчезнал го видела дома пред да излезе, се напил кафе и рекол дека ќе прошета на прашањето дали ќе се врати за ручек, одговорил дека ќе јаде кога ќе се врати и од тогаш нема никаква трага.

Снежана вели дека веќе наредниот ден, во саботата, на трети април, навечер, неговиот телефон се исклучил и од тогаш е недостапен.

-Се вратив од работа во петокот, Илија се напи кафе, рече дека ќе излезе малку да прошета. Му реков дека наскоро ќе биде готов ручекот, ми кажа дека ќе руча кога ќе се врати. Од тогаш нема ников глас од моето дете – изјави мајката Снежана за медиумите кога го однема својот син.

Тогаш Илија со себе носел мобилен телефон, неколку часа откако излегол му ѕвонела, но не и одговорил на повиците. Сега веќе и мобилниот телефон му бил исклучен.

-Излезе надвор облечен во темно црвена тренерка и кратки црни пантолони, сиви патики. Висок е околу 180 сантиметри, средна градба, смеѓа коса и брада…

Мајката Снежана вчера се обрати во една од групите на нашите иселеници во Германија каде што сподели:

Потребна ми е помош син ми го барам 5 месеци, го нема да се јави. Се вика Илија Лазаревиќ, роден 25 06 1990г од Демир Капија.

Со себе носи пасош, се слушаат гласини секакви дека бил во Германија, а ја нема поминато Македонската граница. Се слуша имал некој удес па го изгубил памтенјето а некој викат дека е во Швајцарија го изгубил памтењето.

Незнам што се случува се води во Македонија како исчезнат а инспекторот ми вика дека нема ништо лошо. Незнам нешто се дешава али незнам што.

Он е мирен дечко чист пред законот. Ве молам за помош. Ќе оставам мој број имам вибер, вапцап, 078910566. можете сами да си побарате.

Ве молам масовно споделувајте он секогаш се кажуваше кај оди па затоа ми е несто сумлјиво 5 месеци да не ми се јави на мене мајка ни па на никој нема се јавено ве молам за помош.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*