Јелена Карлеуша за Александра Пријовиќ: „Селанка со рурално педигре“

Јелена Карлеуша и Александра Пријовиќ беа во одлични односи сѐ додека снаата на Лепа Брена објави фотографија со лутата ривалка на ЈК, Цеца Ражнатовиќ, снимена на Копаоник, по што Карлеуша одлучи да ја посоветува јавно…

Драга Александра, ти си ми исклучително драга и слатка. И затоа сега ќе ти го напишам ова јавно: никогаш не сликај се со оваа жена која е осудена злосторничка и сопруга на воен злосторник!… Не ти треба овој полусвет и шлајм. Среќна Нова година и продолжи да блескаш“, ѝ напиша Карлеуша на инстаграм-профилот на помладата колешка и предизвика лавина од коментари.

Александра набрзо одлучи да ја избрише спорната фотографија сосе коментарите, а потоа повторно ја објави фотографијата со коментар дека сака да гледа само позитивна енергија на својот профил.

Очекувано, повторно следуваше коментар на Јеца:

Ја почитуваш селанката Прија (поради Брена), ѝ пишуваш добар совет, а таа го брише и повторно објавува слика со Наногицата (прекар што Карлеуша го користи за Цеца, земајќи предвид дека пејачката за време на домашниот притвор носеше алка за ограничено движење на ногата, н.з.). Што ти е рурално педигре”, напишала тогаш Карлеуша на својот твитер-профил.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*