Убавата Сара не е повеќе со нас: Од рак на дојка почина познатата 39 годишна пејачка

Почина Сара Хардинг од рак на дојка на 39 години: Нејзините мемоари за болеста ја замрзнуваат крвта во вените

Сара Хардинг, членка на популарната британско-ирска поп група „Грлс алауд“, почина утрово по борбата со ракот на дојката. Имаше само 39 години.

Нејзината мајка ја извести јавноста за смртта на пејачката на нејзиниот официјален профил на Инстаграм.

„Во длабока тага, морам да ја споделам со вас веста дека почина мојата прекрасна ќерка Сара“, нејзината мајка ја информирала јавноста за смртта на пејачката на нејзиниот официјален инстаграм-профил.

„Сара со години водеше битка со ракот и силно се бореше до последниот ден. Таа замина мирно утрово. Би сакала да им се заблагодарам на сите што ѝ дадоа искрена поддршка во текот на минатата година. Тоа многу ѝ значеше и ѝ даваше сила“, рекла скршената мајка Мери.

На британската пејачка ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред повеќе од една година, а минатата година објави дека карциномот се проширил.

Во своите мемоари „Hear Me Out“, објавени во март, Сара Хардинг откри шокантни детали за нејзината борба против ракот на дојката.

„Во декември, лекарот ми рече дека претстојниот Божиќ најверојатно ќе ми биде последен… Не сакам да ја знам точната прогноза, не знам зошто некој би го сакал тоа“, напишала таа во извадокот од книга што го објави „Тајм“.

Откако ја почувствувала грутката во дојката, Сара била подложена на хемотерапија и мастектомија (отстранување на дојката).

Две недели, таа исто така била и во индуцирана кома, имено, лекарите ѝ вградиле катетер во градите, којшто ѝ го овозможил давањето на лековите за хемотерапија директно во крвотокот.

Иако постапката донекаде ги ублажила нејзините болни симптоми, таа исто така развила опасни отоци во градите и на вратот.

„Во еден момент, мојот крвен притисок драстично се намали и итно бев префрлена на интензивна нега. Мојот катетер беше отстранет веднаш, но белите дробови и бубрезите почнаа да ми откажуваат, па лекарите ме ставија во индуцирана кома. Врескав откако се разбудив по операцијата“, рекла лани Сара.

Сара Хардинг во 2002 година стана популарна откако ја помина аудицијата за ИТВ реалната серија „Попѕвезди: Ривали“, а на крајот беше повикана да биде членка на популарната женска група „Грлс алауд“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*