Неда Украден: „Го оставив младоженецот пред денот на венчавката“

Популарната пејачка Неда Украден одговараше на кратки прашања што ѝ ги постави новинарот на „Блиц“, притоа откривајќи многу интересни и непознати детали од својот живот и кариера.

Пејачката откри дека дека се плаши само од војни и болести, и дека е храбра и силна жена, која секогаш го кажува тоа што го мисли.

На прашањето која ѝ е неостварена желба, Неда одговори искрено…

Мечтаев, покрај Јелена, да имам уште едно дете. Таа желба ми се оствари кога таа ми роди три внучиња.“

Мошне сум емотивна и лесно се расплакувам. Немаштијата и болестите најбрзо ме расплакуваат.“

Ако мажот нема во главата, каде мора да има?

Вистинскиот маж мора да има секаде! А ако нема во главата, бадијала му е се’… Вистинскиот маж е комплетна личност.“

На прашањето кое е најлудото нешто што го направила, пејачката одговори:

Раскинав пред самата венчавка. Во тој миг почувствував дека тоа е вистинската одлука.“

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*