Крави на Корзика ги бркаат туристите од плажите/ВИДЕО

На море сосем логично е да очекувате да ве пецне медуза, или да ве боцне еж, но на островот Корзика, верувале или не, туристите најмногу се плашат од кравите.

И тоа не оние морските, туку копнените, четириножни.

Жителите на островот Корзика во последните неколку месеци мораа да останат заклучени во своите домови бидејќи кравите дивееја на плажите и му правеа проблеми на секој што ќе им се испречи на патот.

Еден француски турист, во доцните педесетти години, бил нападнат од една од тие крави, бидејќи наводно го налутил стадото заземајќи го местото каде што обично се собираат на плажата во Лот, на северниот брег на Корзика, пренесува Тајмс.

Човекот се здобил со повреда на вратот, а тоа, како што пренесуваат медиумите, е втор напад на разбеснети и лути крави оваа година.

Минатата недела, тие одеа по главната улица во малиот град Сан Лучи ду Талано и луѓето трчаа без глава без разлика.

Во јули, 70-годишна жена ја повредила ногата откако била нападната од крава додека ги пружала перените алишта.

Популацијата крави рапидно расте во последниве години и сега се верува дека има 15.000 од нив низ островот.

Половина од нив се во сопственост на земјоделците, а останатите се диви и слободно шетаат.

Дури и пристапот до одредени плажи беше забранет поради „опасноста од несреќи со крави скитници“.

Локалниот советник рече дека туристите се смеат на ова, но дека проблемот е голем.

– Дамата беше повредена два сантиметри од феморалната артерија. Ако ова продолжи, ќе има смртни случаи“, вели тој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*