Ѓоковиќ збyнeт: Aкo нe e вakциниpaн, мoжe дa ocтaнe бeз тpoфej нa УC Oпeн…

NOVAK DJOKOVIC (SRB) TENNIS - THE CHAMPIONSHIPS - WIMBLEDON - ALL ENGLAND LAWN TENNIS AND CROQUET CLUB - ATP - WTA - ITF - WIMBLEDON - SW19 - LONDON - GREAT BRITAIN - 2021 © TENNIS PHOTO NETWORK
Please follow and like us:

Познатиот американски новинар Бен Ротенберг одново испрати провокација кон првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Откажувањето на Олга Даниловиќ беше причина за зборовите упатени кон српскиот тенисер. Таа се повлече, но потврди дека не се работи за коронавирус.

Тоа започна шпекулации дека Ѓоковиќ можеби не е вакциниран и дека тоа би можело да му застане на патот до нова титула на УС Опен.

„Откажувањето на Олга е наведено поради медицински причини. Доколку тоа е така, тогаш човек кој брка Грен слем титула би можел да биде погоден од овој случај.

И покрај неверојатната професионалност на Новак, тој дозволи да биде ранлив на ковид-19, кој може да го спречи да освои нов трофеј на УС Опен, ако навистина не е вакциниран“, напиша Ротенберг.

Минатата година Србинот беше дел од несекојдневен инцидент, кога удри во линиски судија со топче. Тоа му донесе дисквалификација и го спречи да се бори за трофејот во Њујорк.

Please follow and like us:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*