Се разделија Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ: Фудбалерот се огласи од Турција

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ константно се водечка тема во српските медиуми, а откако како бомба експлодираше веста дека Јелена Карлеуша се повлекува од жирирање во „Ѕвездите на Гранд“, сите се интересираат дали при донесувањето на оваа одлука имала поддршка од сопругот.

Јелена Карлеуша вповлече неочекувани потези во својата кариера. Го раскина договорот со Гранд, достоинствено ја дочека информацијата дека на нејзино место во жири доаѓа Цеца Ражнатовиќ, а сега посветено работи на подготовки за „Music Week“.

Концертот кој за своите фанови го подготвува ќе биде спектакл, а воедно и само мала најава за она што ќе го донесе престојниот албум на кој работи долго време.

Освен што очите на јавноста се вперени во кариерата на Јелена, нејзините семејни односи се уште се тема која медиумите најмногу ги интересира. Поради тоа, сите се запрашаа каде е Душко Тошиќ во моментите кога Јелена се подготува за еден од најважните концерти. Судејќи по неговиот „Инстаграм’ профил , Душко веќе отпатувал во Истанбул, а поводот за неговото патување се уште е непознат.

Дали ова значи дека поддршката и овојпат ќе ја нема од страна на сопругот, останува да видиме…

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*